Рецепт: Солена торта со пилешко месо

За денешниот ручек ви предлагаме да подготвите вкусна солена торта од ориз каде доминира прекрасната мешавина на вкусови од пилешко месо и домати.

Потребни состојки:

150гр. ориз
250гр. чадено пилешко
150гр. излупени, исецкани домати
250гр. моцарела
3 главици кромид
2 лажици ситно сецкан босилек
3 јајца

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте долгнавест калап за печење ролат со малку масло. Обложете го со хартија за печење.
Сварете го оризот во вода со малку сол, околу 20 минути. Исцедете го и оставете го на страна малку да се излади.
Во голем сад измешајте ги оризот, сецкано пилешко, доматите, 200гр. моцарела, кромид, јајца и босилек. Зачинете со бибер по вкус. Смесата треба да е добро измешана.
Префрлете ја смесата со оризот во подготвениот калап. Одозгора додадете го остатокот од моцарела. Печете ја тортата од ориз 20 минути додека да добие златно жолта боја. Оставете ја да одстои 5 минути во калапот пред да ја извадите.

Декорирајте по желба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk