Рецепт: Супа со спанаќ и тиквички

Супа од сезонски зеленчук е идеална како лесен оброк или предјадење.

Потребни состојки:

500гр спанаќ
4 лажици маслиново масло
3 листа свеж босилек
4 гранчиња магдонос
20мл концентрат од домати (по желба)
1л вода
15гр кромид
70гр морков
700гр тиквици
сол, бибер
ливчиња од нане за декорација
Начин на подготовка:

1.Измијте го спанаќот и ситно исецкајте.

2. На маслиново масло кратко пропржете го исецканиот кромид, додадете тиквици и морков на коцки, како и спанаќот.

Измешајте добро, пропржете неколку минути, истурете зовриена вода, додадете сол и бибер.

3. Варете на оган со средна јачина околу 25 минути. При крај на варењето помешајте концентрат од домати, исецкан магдонос и босилек, па варете околу 5 минути.

4. Послужете украсено со листови од нане.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk