Рецепт: Телешко месо со суви сливи

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Ане

Вкусна комбинација на вкусови која веруваме дека ќе им се допадне на вашите најблиски.

Потребни состојки:

1 кгр. телешко месо
2 главици кромид
3/4 кгр. суви сливи
црвен пипер
сол
масло

Начин на подготовка:

Месотo се сече на коцки и се става да се вари со маслото. Откако ќе се свари се додаваат двете главици кромид. Месото со крoмидот добро се пржи. Откако се испржи месото, се додава црвен пипер и сливите, се налева со вода, се додава сол по вкус и се вари на тивок оган додека не омекнат сливите.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…