Рецепт: Фурнаринки со пченкарно брашно

За вкусовите не се дискутира, но сигурни сме дека овој вкус ќе ви остане во сеќавање.

Потребни состојки:

260 г брашно
60 г пченкарно брашно
80 мл масло за готвење
160 мл млака вода
1 јајце
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув квасец
малку сусам, сол, црвен пипер, ким (за посипување)

Начин на подготовка:

Замесете го тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути. Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го. Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го). Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.
Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење.

Посипете ги со сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk