Рецепт: Фурнаринки со пченкарно брашно

Вкусен, крцкав прилог за вашите ремек дела во кујната.

Потребно е:

250 гр брашно
50 гр пченкарно брашно
50 мл масло за готвење
150 мл млака вода
1 јајце
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув квасец
За посипување можете да употребите сол, вегета,црвен пипер, ким или сусам

Начин на подготовка:

Во еден подлабок сад измешајте ги сите состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете хомогена смеса. Потоа,тестото покријте го и оставете го да стасува но не повеќе од половина час. Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел расукајте го на потенка кора. Дебелината на кората ја означува дебелината на фурнаринките, така да имате можност да ја приспособите според вашата желба.Со помош на нож, исечете го тестото на тенки стапчиња а потоа префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да отстојат околу петнаесетина минути. Пред печење, премачкајте ги со раствор од вода и масло (или доколку сакате можете да ги премачкате со доматно пире ) и посипете од саканите зачини. Печете рерна на 230 степени, околу 10 минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk