Рецепт: Чизкејк во чаша со шумско овошје и крем сирење

Нема да ви бидат потребни ниту миксер ниту пак рерна за да го подготвите овој превкусен десерт.

Потребни состојки:

Основа:

• 50 гр. интегрални бисквити

• 25 гр. путер, омекнат на собна температура

Крем:

• 100 гр. густ јогурт

• 50 гр. свежо крем-сирење

• 75 гр. слатка павлака

• една лажица шеќер во прав

Прелив:

• 250 гр. шумско овошје

• една лажица шеќер

• една лажица цеден сок од лимон

Начин на подготовка:

Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на лажица, а потоа ставете ги чашите во фрижидер додека го подготвувате остатокот од колачот. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не добиете цврста структура, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додадете го во слатката павлака. Сите состојки нежно измешајте ги сè додека не се соединат. Кремот додадете го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу еден час.

Во меѓувреме, исечкајте го шумското овошје на ситни парчиња и префрлете ги во тенџерче, додадете го шеќерот и лимоновиот сок и гответе на ниска температура околу 10 минути со постојано мешање. Смесата оставете ја да се излади, а потоа додадете ја врз вториот слој од крем во чашите. Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk