Рецепт: Чипс од тиквички

Постапката за подготовка е малку подолга од вообичаено но сигурно овој начин е поздрав а чипсот од тиквички повкусен од класичниот.

Загрејте ја рерната на 110 степени целзиусови. Исечкајте ги на тенки ленти тиквичките, а потоа наредете ги на една крпа или хартија, а одозгора покријте ги со друга, за да се впие влажноста која ја имаат. На тава, по можност широка и ниска, ставете хартија за печење и наредете ги тиквичките на начин што ќе има малку простор околу нив и нема да се поклопуваат, што е особено важно.

Потоа со четка нанесете маслиново масло на секое од нив, наросете сол и внимавајте да не нанесете многу. Може да додадете и други зачини по вкус, како оригано. чили, кари…Печете 2 часа или повеќе, додека почнат да добиваат кафена боја и веќе не се меки туку се крцкави. Потоа оставете да се оладат и послужете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk