Рецепт: Чоколаден чолач од јогурт кој се подготвува за неколку минути

Овој колач кој се подготвува навистина брзо ќе ве воодушеви со неговиот неодолив вкус.

Состојки:

-3 шолји јогурт

-3шолји шеќер

-3 шолји брашно

-1 шолја зејтин

-3 лажици какао

-малку сода бикарбона

За прелив:

-7 лажици шеќер

-15 лажици млеко

-3 лажици какао

-половина маргарин

Подготовка:

1.Добро измешајте ги сите состојки за кората. Смесата ставете ја го плех и печете ја околу 30 минути на 200 степени, во претходно загреана рерна.

2.Соединете ги сите состојки кои се за прелив и варете ги на умерена температура додека не се добро соединат.

3.Печениот колач исечете го на коцки. Најпрвин прелијте ги краевите, а после целиот колач.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk