Рецепт: Чоколадна пита

За вистинските љубители на чоколадниот крем.
Потребни состојки:
За пандишпан:
– неколку бисквити
– пола шолја ореви (исечкани)
– 2 лажици шеќер
– 2 лажици растопен путер
За фил:

– 2 шолји млеко
– 1 шолја шеќер
– 1 јајце
-пола шолја какао
-пола шолја густин
-30 грама путер

Начин на подготовка:

Измелете ги бисквитите, оревите и шеќерот во блендер додека не добиете ситни трошки. Додадете го путерот и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Оваа смеса нанесете ја на тавата претходно премачкана со масло за јадење и покриена со хартија за печење и печете 10 минути.
Изматете ги млекото, шеќерот, јајцето, какаото и густинот заедно. Ставете ги на шпорет на средна температура и мешајте постојано додека смесата не зоврие и не се згусне.

Откако ќе ја тргнете од оган, додавајте го путерот додека не се истопи. Откако целосно ќе се олади смесата нанесете ја на кората. Оставете 2 часа да се лади, а за крај можете да ја укрсите по желба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk