Рецепт: Ќофтиња со лук

Објавено на: Jan 06, 2017 од Мама Весна

Идеален рецепт за сите гурмани.

Состојки:

1 главица лук

1 лажица путер

1 лажичка сок од лимон

прстофат сол

1/2 килограм мелено месо

100 гр. ситно сецкан кромид

1 јајце

1 лажичка рузмарин

1 лажичка жалфија

1 лажичка мајчина душица

1/2 лажичка сол

1/2 лажичка црн бибер

50 мл. маслиново масло

Постапка

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Отсечете го врвот од лукот но не ја лупете лушпата. Ставете го лукот на парче алуминиумска фолија. Додадете врз лукот лажица путер, 1 лажичка сок од лимон и зачинете го со сол. Завиткајте ја добро фолијата и затворете го лукот. Печете го во рерна околу 40 минути. Потоа оставете го да се излади.

Намалете ја јачината на рерната на 180 степени.

Во еден сад измешајте го меленото месо со кромидот, јајце, рузмарин, жалфија, мајчина душица, сол и бибер. Добро измешајте ги зачините со месото. На крај излупете го печениот лук, испасирајте го и измешајте го со месото.

Од меленото месо формирајте 15 ќофтиња. Поставете ги ќофтињата на плех и испрскајте ги со маслиново масло. Печете ги ќофтињата во рерна 30 минути. На крај зголемете ја јачината на рерната на 200 степени и печете ги уште 5 минути за да добијат кафеава боја.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…