Реченици кои не треба да им ги кажете на вработените мајки

Објавено на: Mar 09, 2016 од Мама Весна

Многу често вработените мајки се наоѓаат во незгодна ситуација. Добро размислете пред да поставите прашање, особено внимавајте со оние мајки кои мали деца, бидејќи тие се оние кои се изложени на бројни притисоци од сите страни.

Никако немојте да ги прашате зошто имаш деца ако некој друг ти ги одгледува? Со оваа изјава алудирате на тоа дека жената е лоша мајка која се впуштила во мајчинство без претходно размислување. Тоа што жените со деца работат и одат на работа не значи дека не се грижат доволно и правилно за своите деца.
Исто така имајте на ум дека вработената мајка која има деца не оди во канцеларија за да се одмори од своите малечки. Таа едноставно работи од љубов, потреба или поради пари, но никако за да земе оддишка.  Денес мажите неретко остануваат на породилно отсуство, а жените одат да работат бидејќи често имаат и повисоки примања. Децата често ги чуваат нивните тетки, вујни, баби и дедовци па затоа бидете внимателни и не предизвикувајте грижа на совест кај мајките кои се одлучиле да се вратат на работа. Да, децата ужасно им недостигаат во секоја секунда мината на работното место е со нетрпение чекаат да заврши работното време да го видат своето чедо, но и тие мора да работат.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…