Рибина кашичка

Кашичката од ослич е погодна за бебиња постари од една година.

Потребни состојки:

– една филета ослич
– половина компир
– еден помал морков
– неколку цветови карфиол
– маслиново масло

Начин на подготовка:

Зеленчукот ситно исецкајте го, ставете го во сад на оган и варете околу дваесетина минути.
Цветовите кафиол извадете ги десетина минути пред крајот на варењето а додајте ја филетата ослич. Варете уште десетина-петнаесет минути.
Варените состојки исцедете ги од водата, истискајте ги со вилушка, а по желба додадете од водата каде се вареле состојките.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk