Рибиното масло е храна за мозокот

Придобивките од консумацијата на рибиното масло за човековиот организам се преголеми.

Особено треба да се нагласи неговото позитивно влијание врз мозочната активност.

Истражувањето спроведено од страна на научници од Роуд Ајленд докажало дека со редовен внес на рибино масло во голема мера се подобрува функционирањето на мозокот и истовремено се успорува конгитивното пропаѓање ( атрофија ) на мозокот.

Затоа, освем што е незаменлив додаток во исхраната за децата во развој, неговата консумација е исто толку важна и за луѓето во третото животно доба.

Во истражувањето учество земале 229 испитаници со нормална конгитивна способност, 397 испитаници со благи конгитивни оштетувања и 193 испитаници до Алцхајмерова болест.

По редовна употреба на рибиното масло во период од шест месеци, со помош на низа невролошки тестови и магнетна резонанса е утврдено дека испитаниците кои на почетокот на истражувањето имале мали знаци на деменција бележат најголем напредок од аспект на редуцирање на малите атрофични предели во клучните невролошки локации.

Експертите советуваат дека позитивниот резултат при употреба на рибино масло врз забрзувањето на мозочната активност и подобрување на состојбата во случај на почетна фаза на алцхајмерова болест е возможен само доколку лицето не е носител на генот APOE-4, ген кој го носи ризик факторот за развој на оваа болест.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk