Ризик фактори за појава на рак на дојката

Лекарите сеуште со сигурност не знаат зошто кај некои жени се развива рак на дојката а кај други не. Делот на генетското оптеретување како и точниот удел на еколошките дактори во појавата на ракот на дојката е многу тешко да се прецизираат.

Сигурни генетски, односно репродукциски ризик фактори за појава на рак на дојката се:

– наследна мутација на туморскиот ген BRCA1 i BRCA2
– жени кои веќе еднаш имале рак на дојка
– кај жени каде во првата роднинска линија постои рак на дојката
– ако дојките биле изложени на радиотерапија особено поради Ходгкиновиот лимфом
– гради кои што имаат повеќе дуктиси а помалку масно ткиво
– постоење на дијагностицирана атипична хиперплазија
– вкупното траење на репродуктивниот период
– староста за време на првата бременост
– вкупниот број на износени бремености
– жени кои родиле по 30 година од животот
– поголема изложеност на естроген
– премала физичка активност
– честото конзумирање на алкохол
– чувствителноста во постменопаузата

Како најголем ризик фактор за појава на рак на дојките се смета просечното ниво на концентрацијата на естрогенот во однос на бројот на менструалните циклуси во текот на животот.
Како најголем надворешен фактор за појава на рак на дојките се смета начинот на исхрана.

Според истражувањата, ризикот за појава на рак на дојките расте паралелно со растот на годините, ретко се појавува пред 30 година од животот а осоебно е чест кај жените по 60 година од животот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk