Родителите и наставниците треба да најдат време за игра со децата

Најчесто, скапите играчки го блокираат развојот на фантазијата на децата, бидејќи се „завршени“ и најчесто детето нема што да додаде.  Кај играчките, треба да се води сметка да бидат безбедни и да имаат едукативна вредност, да не се скапи и да се безопасни.

Образовните институции треба да ја препознаат важноста на играта и таквото сфаќање да се шири меѓу родителите и наставниците. Односно треба да се охрабри креативноста и нејзиното изразување без разлика на социо-економскиот статус, пол, вера, нација.Талентите треба да се препознаат и да се охрабрат.

Родителите и наставниците треба да најдат време за игра со децата, да се грижат за сигурноста во текот на играта, да ги научат да си играат со евтин и достапен материјал, да се охрабрува креативната игра пред стереотипната, да им помогнат на децата да се изборат за здрава рамнотежа меѓу играта и учењето.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk