Родителите на детето треба да му всадат чувство на правда и почит кон другите

Што ќе направите ако вашето дето намерно го срушило замокот кој неговиот другар го направил и на тој начин го расплакал? Ако му кажете да се извини, сте завршиле само половина работа, предупредуваат стручњаците. На детето му е лесно да каже извини, но со тоа не ја научило лекцијата.

Ако сте свесни дека детето лошо се однесувало спрема другарчето, должни сте да реагирате бидејќи само така ќе всадите чувство на фер игра. Во овој случај, тргнете го детето на страна и прашајте го зошто го срушил замокот.

Што и да одговори, слушајте без да го осудите, дури и ако каже дека било љубоморно. Потоа, кажете му ги последиците од таа постапка, кажете му дека другарот сега е повреден и прашајте го како тоа ќе се чувствува ако некој друг истото го направи со неговиот замок. Предложете му да му помогне на другарчето заедно да го направат замокот, а не само да се извини.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk