Родителите треба да го воспитуваат детето а училиштето да го образува

Малото дете треба да го воспитуваат родителите. Родителите треба да се вистински пример од кој што децата ќе учат како се живее во согласност со вистинските животни вредности.

Сите останати, роднини, пријатели, баби, дедовци се тука за да му овозможат несебична љубов на детето, при тоа дозволувајќи родителите да одлучат што е најдобро за нивното дете и да не се сомневаат во правилноста на методот на воспитување.

Училиштето и градинката можат само да го надополнат и да го зацрврстат она воспиување што произлегува од домот, од родителите.

Училиштето не треба примарно да воспита детето, таа институција постои за да го образува детето.

Родителите секогаш го изнаоѓаат најдобриот начин за комуникација со своето мало дете. Малите деца многу често не се искажуваат со зборови, ниту пак се способни да ги разберат долгите животни лекции. Со детето најдобро се комуницира преку искажување на несебични чувства и добронамерни постапки. А родителското срце полно со љубов за своето чедо тоа најдобро го знае и го може.

Детето треба да биде воспитувано од родителите на целосно искрен начин, токму затоа што таа иста искреност родителот ќе ја бара од детето кога тоа ќе порасне.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk