‘Рчење кај децата, како да препознаете апнеа

Објавено на: Nov 26, 2015 од Мама Силвана
Dete-spavanje

Голем број на деца од време на време ‘рчат, а најголем дел од нив тоа го прават навечер.Децата на најмала возраст од 3 години, ‘рчат главно во фаза на фдлабок сон. Стручњаците не го поврзуваат со сериозен здравствен проблем како што е синдром на опструктивна апнеа при спиење.

Од друга страна гласното и честото ‘рчење често укажува на некоја абнормалност кај инаку здраво дете. Тоа понекогаш може да биде знак на респираторна инфекција, затнат нос или алергија.

Доколку оваа состојба е проследена со паузи во дишењето, можно е причинител да биде опструктивната апнеа која се јавува при спиење.

Децата кои страдаат од апнеа, ‘рчат гласно и зачестено, спијат немирно и се потат.

Во текот на денот децата кои имаат ваков здравствен проблем имаат и бихевиорални проблеми, тешко будење, главоболка, агресивност, поспаност, дишење низ уста.

Доколку детето има слични симптоми, неопходно е да се обратите на лекар.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…