Салата од брокула и фета сирење

За само десетина минути подгответе свеж витамински оброк во кој ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

1 домат
1 лажичка маслиново масло
1 лажица оцет
3 лажици фета сирење
200 гр. цвет од брокула
2 чаши вода
малку магдонос

Начин на подготовка:

Во едно помало тенџере загрејте ја водата. Кога ќе зоврие водата додадете ги цветовите од брокулата и варете ги додека да добијат светло зелена боја.
Потоа исцедете ги брокулите во цедалка и префрлете ги во поголем сад.
Во сад за сервирање измешајте ги брокулите со ситно исецкан домат, фета сирење, оцет, масло и оригано.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk