Салата од ориз и шунка

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Силвана
salata

Убаво декорирана салата од ориз и шунка можете да ја послужите како предјадење.

Потребно е:

200 гр ориз

Коцка за пилешка супа

150 гр маринирани шампињони

350 гр шунка

една лаж сенф

2 лаж оцет

3 лаж масло

3 кесички мајонез

црн бибер, сол, една главица кромид, половина врзоп магдонос

Подготовка:

Оризот сварете го во вода во која претходно има додадено една коцка за супа. Шампињоните исцедетe ги, а шунката исечкајте ја подолги парчиња. Сите производи измешајте ги.

Во преливот од сенф, оцет, масло, црн бибер и малку сол додадете ситно исечкан кромид и магдонос. Добро изматете и додадете мајонез. Прелијте ја салатата, измешајте ја и оставете ја да се олади.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…