Салата од туна со сос од сенф

Вкусен диетален оброк од туна и зеленчук прелиени со сос од сенф, мед и масло.

Потребни состојки:

– 1 конзерва туна
– 7 мали домати
– Зелена салата – 200 g
– Рукола – 40 g
– Црни маслинки
– Листови магдонос
– Јајца – 4 (2 жолчки)
– Боранија – 20 g
– Млад компир – неколку мали компири

За подготовката на сосот потребни ви се следниве производи:

– Сенф – 1 лажица
– Лимон – 1 (сок и изрендана кора)
– Балсамико
– Маслиново масло
– Мед – една лажица
– Оригано, сол и бибер

Начин на подготовка:

Сварете ги јајцата тврдо (тргнете 2 жолчки), оставете ги да се изладат и потоа исечете ги на мали парчиња. Исчистете ја добро зелената салата и останатиот зеленчук, измијте ги и искинете на мали парчиња. Сварете го компирот и боранијата во посолена вода, оставете да се оладат, па исечете ги. Потоа додадете ја туната. На врвот наредете ги јајцата и прелијте со сосот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk