Само со една вежба решете го болниот менструален циклус

Младата актерка Гема Артертон, бившата Бонд девојка, во едно интервју истакна дека историјата би се закитила со многу повеќе успешни жени доколку на патот кон успехот не ги спречувале бременоста и болните менструални циклуси.

Токму со болки за време на циклусот се соочуваат околу 60% жени. Болките се предизвикуваат од бројни причини почнувајќи со стрес, завршувајќи со нездрава исхрана. Резултатот на се е врежаното верување на повеќето жени дека болните менструации се нешто неминовно.

Сепак, вежбањето јога, апсолутно ги оттргнува таквите гледишта нагласувајќи дека во болните циклуси нема ништо природно, туку преку водење здрав живот и правилна исхрана, особено преку намалување на стресот, проблемот може во целост да се елиминира. Посебно се препорачуваат редовни сеанси на опуштања, дишење и медитација. Една вежба која може да ви помогне да ги елиминирате болките за време на менструацијата е вежбата наречена стол. Легнете на грб. Вдишете и полека подигнете ги двете нозе во вертикална положба, а во следниот здив подигнете ги и рацете (како на фотографијата). Останете во оваа позиција колку што можете со нормално дишење, а потоа вдишете, спуштете ги прво рацете, а со издишување и нозете. Повторете ја вежбата 1-3 пати секојдневно една недела пред менструалниот циклус.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk