„Санте Плус“ ја загуби дозволата за работа

Министерството за здравство ѝ ја одзеде дозволата за работа на приватната болница „Санте плус груп“.

„По извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и извештајот за извршен стручен надзор над работата на Приватната здравствена установа ‘Санте плус гроуп’, утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадар и опрема, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа“, информира МЗ.

Од таму велат дека нема да го коментираат обдукцискиот наод за родилката од Кичево која на почетокот на минатиот месец почина во болницата бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за случајот.

31-годишната родилка од Кичево почина при породување со царски рез. Неофицијалните информации велат дека таа починала кога при воведување во целосна анестезија ѝ се затвориле дишните патишта. Докторите се обидувале да ја вратат во живот еден час и го извадиле бебето од утробата на мајката, кое исто така било без кислород, но преживеало. Родилката од приватната болница била однесена на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Сè уште не се знае кога настанала смртта. Од приватната клиника, но и од КАРИЛ, велат дека родилката не починала во нивната установа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk