Сведоштво за раѓање на петорка

Објавено на: Dec 20, 2016 од Мама Кате

Ким Тучи (27) од Австралија кон почетокот на оваа година на овој свет донесе петорка, а сега ни открива како ова тешко породување влијаело на нејзиното тело.
Како што изјавила за медиумите, морала да направи операција за којашто платила 18.000 долари, а сето тоа како би успеала да го доведе своето тело во ред. Колку за потсетување, кон крајот на месец јануари, Ким ги роди синот Кит и четирите ќерки – Али, Пенелопе, Тифани и Беатрикс.

Ким веќе има деветгодишен син од претходната врска, а родила и две ќерки во бракот со сопругот. Како што изјавила самата, во сите претходни бремености телото многу брзо и се опоравувало после породувањата, но не и откако ја родила петорката.

– Со месеци после породувањето се погледнував во огледалото и можев единствено само да видам уништено тело, вели оваа мајка на осум деца, додавајќи дека се плашела дека ниту една диета, ниту режим на вежбање не би и помогнале за да се ослободи од вишокот на килограми.

Како што вели самата, не само што ја изгубила самодовербата, туку и постојано била уморна и се чувствувала тешко, па воопшто и не можела да им се посвети на децата.

– Дојдов до таа точка што повеќе не можев ниту количката да ја туркам кога одев на пазарење. Затоа решив дека нешто едноставно мора да се промени, вели оваа мајка.

За почеток воведов режим за децата. Две ги хранев во седум, едно во седум и триесет, едно во осум и последното во осум и триесет. И потоа се од почеток… Освен тоа започнала да го закажува своето време за одење во бањата како нејзиниот сопруг би знаел дека во тој временски период мора да им се посвети на децата.

Тука била и посетата на пластичниот хирург, којшто и кажал дека стомачните мускули и се толку истегнати и одвоени, што за сето тоа да се регулира била неопходна операција чија цена изнесувала 18.000 долари. Освен тоа, таа направила и липосукција и операција за намалување и подигање на градите и намалување на стомакот.

Таа моментално има 78 килограми, а од породувањето успеала да изгуби 28 килограми. И што е најважно од се, како што потенцира таа, се чувствува многу посилно и поздраво.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…