Секоја мајка има право да каже НЕ!

Понекогаш се чини дека околината се чувствува најповикана да дава совети на жените кои што штотуку станале мајки. Секој посакува да додаде уште нешто во начинот на кој што новата мајка треба да се грижи за своето дете.
Совети се секогаш добродојдени, понекогаш сите ние сме слушнале некој добар совет, но понекогаш некој со своите советувања може да поттикне чувство на сомнеж во способноста кај новата мајка, што во никој случај не е во ред.

Никогаш не дозволувајте некој да ве поттикне да се посомневате во своите способности како мајка. Запомнете, воопшто не морате да се грижите што другите мислат за вашиот стил на воспитување и грижа за детето. Вие сте мајка, вие сте тие кои што одлучувате што е најдобро за вас и вашето бебе. Секое дете е единствено, уникатно, што важи за едно дете не мора да значи дека важи и за вашето.

Вие сте мајка, вие имате право да речете НЕ! Не се воздржувајте да кажете не на сите посетители полни со безгрешни совети веднаш по породувањето. Вам ви е потребен одмор, свесни сте дека мајчинството бара огромна физичка и ментална енергија. Доколку почувствувате дека не можете да постигнете се, побарајте помош. Да се побара помош не значи дека не сте добра мајка и дека ќе се сретнете со осуда, напротив, тоа значи дека вие како мајка сте свесна за состојбата и сакајќи го најдоброто за вашето дете се одлучувате на ваков чекор.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk