Секојдневната борба со недостатокот на финансии може да ја ослабе емотивната врска во бракот

 

Според истражувањата на Американската федерална банка, во однос на финансиската одговорност што ја имаат двајцата партнери во една брачна врска, се вели дека токму финансиите делуваат драстично повеќе одколку што се мисли на опстанокот на бракот.

Кога размислуваме за факторите кои што влијаат врз успешноста на една врска обично помислуваме на сличностите на моралните и животните вредности и цели, љубовта и почитувањето. Но банкарите велат, дека за остварување на дел од тие цели потребни се финансии кои на таков индиректен начин влијаат врз рамнотежата на односот помеѓу сопружниците.

Според нивната анализа луѓето обично одбираат животен сопатник кој што има сличен финансиски статус како нивниот, односно дека паровите со сличен финансиски статус и голема кредитна способност подолго остануваат во брак.

Од друга страна, брачните парови кои што имаат помала финансиска моќност поживуваат поголем стрес во остварувањето на секојдневните активности што се рефлектира во нивниот однос.

Долгорочната финансиска напнатост може негативно да се одрази врз врската, создавајќи проблеми во секојдневието. Секојдневната борба со недоволната количина на финансии ги исцрпува брачните партнери па кога ќе дојде време за емотивниот аспект од нивниот живот тие едноставно се помалку се заинтересирани.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk