Секојдневно разговарајте со вашето дете на тема „училиште“

Секојдневните разговори со вашето дете на тема „училиште“ се значаен фактор во раните фази на школувањето, особено затоа што на тој начин родителот детално може да се информира за состојбата во рамките на училиштето.

Секојдневно одвојте доволно време за да седнете со вашето дете и поразговарате како му поминал училишниот ден. На тој начин детето ќе стекне реален впечаток дека училиштето е важно и треба да се сфати сериозно, не само како обрвска туку и како влог во иднината.

Овие разговори се од особена важност за овозможување на правилен начин на поддршка и советување од страна на родителите за секој ученик. Кога разговарате за училиштето, одбегнувајте ги прашањата кои детето може да ги одговори со да или со не. Поставувајте прашања за кои детето ќе треба да се потруди да концепира целосна слика и истата да ја претстави вербално со широк опис.

Бидејќи комуникацијата е двонасочна улица, слушајќи го вашето дете му овозможувате да ги подобри своите вештини на изразување и гестикулација, а истовремено и да го потсетите дека понекогаш е добро да молчи и да слуша.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk