Сексот во бракот губи на квантитет но добива на квалитет-велат психолозите

Иако губи на квантитет, сексот кај брачните партнери по третата година од бракот добива на квалитет-велат психолозите. Лошиот секс во бракот не е ништо повеќе од последица на ограничувачкиот однос помеѓу партнерите.
Според нив, постојат неколку причини што влијаат негативно врз сексуалниот живот на брачните партнери:

– Рутина
Се чини дека сепак страста има ограничен рок на важење. Сепак тоа не значи дека брачните партнери треба да се препуштат на рутината кога станува збор за сексот. Малку фантазија, труд и желба може да помогнат да се зачинат наредните моменти во креветот.
– Исцрпеност
Кога таа вели дека е уморна и дека ја боли главата можеби понекогаш бара изговор, но најчесто ја говори вистината. За да се исполнат сите обврски што една сопруга ги има во рамките на домаќинството ( вклучувајќи ги и нејзините работни обврски ) навистина е потребна надчовечка сила. А тоа се случува скоро секојдневно. Добрата вест е што мажите доколку не сакаат да го слушаат тоа ” душо не вечерва” ќе мора да превземат дел од обврските.
– Деца во брачниот кревет
Штом еднаш ги пуштите децата во брачниот кревет подгответе се за иднина во која што тешко ќе најдете време, простор и сила за експериментирање во креветот. Единствена шанса е да ги испратите вашите малечки во нивниот кревет.
– Се помалку труд околу изгледот
Таа веќе не се депилира толку редовно, чипканата долна облека ја замени со удобна и памучна, тој пуштил стомак, ги заборавил хигиенските навики… Ако се прашувате каде исчезна таа секси личност што ве заведуваше треба да знаете дека сеуште е тука, само треба повторно да ја откриете. И секако, повторно да почнете да го заведувате вашиот партнер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk