Секс за време на бременост

Докторите често знаат да ги предупредат двојките да внимаваат на интензитетот на сексуалните односи во првото тримесечје од бременоста.

Тоа е време кога генерално не треба да се претерува со никакви физички активности, па ни со сексуални.

Не се срамете да го прашате вашиот гинеколог колку често се препорачува да се има однос и дали постојат некои забрани во однос на положбата или во однос на вашата бременост.

Ако имате мачнини, замор, слабост или сте лошо расположени, веројатно нема да ви биде до односи. Ќе има денови кога ќе сакате да сте сосема сами, како и такви кога прегратката ќе ви биде попотребна од било кога.

Во второто тримесечје бременоста се стабилизира и жената станува поопуштена. Завршуваат емотивните бури врзани со спознанието дека сте бремени и се доаѓа во рамнотежа. Им се радувате на првите движења на бебето, стомачето ви расте. Не се плашете дека ќе го повредите детето во текот на сексуалниот однос. Тоа лежи на безбедно во матката, опкружено со плодова вода и анатомски е сосема невозможно пенисот да дојде во негова близина.

На жената во овој период знае и да ѝ се зголеми либидото и таа станува сексуално поактивна што е за партнерите пријатно изненадување. Со се поголем стомак многу положби се тешко остварливи, а и уживањето е помало, но ако имате некои омилени положби кои и натаму ви одговараат, а бременоста е и натаму без никакви компликации, немате причина да се воздржувате од секс.

Ако пак сексот не ви предизвикува уживање и не можете да се опуштите, подобро е да се препуштите само на галење и на прегрнување.

Можеби сте слушнале нешто за тоа дека сексот ги поттикнува трудовите. Вистина е дека во спермата се наоѓа хормонот простагландин, кој го прави грлото на матката помеко и го подготвува за трудовите, но таа количина е толку мала што не ги поттикнува прераните трудови. Ако бебето веќе тргнало на пат, тогаш сексот може да го забрза отврањето и самото породување.

Ако еден од партнерите не сака секс или чувствува страв дека ќе го повреди детето, тоа секако влијае на либидото. Понекогаш трудниците се срамат од својот изглед или од килограмите. Утеха нека ви бидат вашите гради кои се зголемени и кои сигурно ќе му се допаднат на вашиот партнер. Уживајте во сопственото тело и верувајте дека во него ќе ужива и вашиот партнер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk