Машката семена течност како алерген во женското тело

Алергиската реакција на спермата во телото на жената предизвикува низа непријатни и болни симптоми кои го оневозможуваат целосното уживање во сексуалниот чин, што пак долгорочно се манифестира во сериозен проблем на двајцата партнери.

За среќа, алергијата на сперма кај жените е многу ретка појава и обично се сретнува кај младите жени кои што допрва се запознаваат со сексот.

Во првата фаза во организмот на жената се создаваат посебни антитела – имуноглобулини кои кога ќе го пронајдат алергенот предизвикуваат мастоцити и создаваат хемикалии кои предизвикуваат несакани последици.

Алергиската реакција најчесто се манифестира со болни локални иритации, болки во абдоменот, отекување на гениталиите кај жената, неподнослив сврбеж и сл. Обично овие симптоми се појавуваат дури кога жената се сретнува со предсемената течност. Во екстремни случаи, може да се појават и херпеси, цисти или анафилактички шок во текот на самиот секусален чин.

Ако се согласиме дека апстиненцијата не е баш ефикасно решение на проблемот, тогаш употребата на презервативи е препорачлива.

За среќа, дури и во овие случаи е можно забременување доколку партнерите го сакаат тоа со помош на вештачко оплодување или десензибилизација.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk