Семејна забава за во зимски денови

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Силвана

На зима, децата подолго се дома, но не дозволувајте тоа време да го користат само за гледање на телевизија и играње на игрички, туку помогнете им да се забавуваат и нешто да научат.

Смислете игра во која ќе учествуваат сите членови на семејството. Играјте училиште, така што секој ќе има некаква улога, или пак наредете играчки кои ќе бидат ученици, а децата на смени можат да бидат ученици или учители.

Возрасните можат да бидат деца или нешто друго, во зависност од тоа што ќе се договорите.Играта е идеална за да го преслушате градивото, а корисно е и за малите деца.

Можете да направите караоке, и интересно е кога ги пеете заедно песните.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…