Се додека е безбедна, не ја ограничувајте детската игра

Важно е детето да ја користи играчката на начин на кој тоа ќе одбере а не онака како што вие му налагате, особено доколку во неговите раце има високо функционална играчка која одговара на неговата возраст и можности.
Користењето на една одредена играчка само на еден начин ( однаред препишан од произведувачот) или поради опшатата намена е премногу ограничувачко за детето – секако се додека начинот на игра останува безбеден за него, родителите не треба да го ограничуваат детето во играта.

Играта е извор на забава и задоволство за секое дете, затоа поттикнете ја флексибилноста на детето во начинот на играње со конкретната играчка која ќе ја разбранува неговата фантазија.

На тој начин децата низ играта ќе ги подобрат своите социјални вештини и комуникацијата, способноста да ги регулираат своите емоции, да размислуваат логично, да превземаат иницијатива и да се носат со различни предизвици.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk