Силиконските гради и доењето

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Силвана

Имплантите во дојките на ниту еден начин не влијаат на доењето, било да се поставени пред или позади пекторалниот мускул, бидејќи и во двата случаја не доаѓа до оштетување на млечните жлезди ниту до прекинување на нејзините канали.

Лактацијата се воспоставува како и кај секоја жена, имплантите не влијаат врз произвдоството на млеко, така што жените кои имале ваков вид на хируршка интервенција без никакви проблеми можат да го дојат своето бебе.

Пожелно е пред доењето да се направи ехо на дојките. Трудницата или жената која планира бременост а со тоа и доење, треба да се обрати на својот пластичен хирург со помош на ехо да ја провери состојбата на имплантите.

Новата генерација на импланти никогаш нема да бидат најдени во мајчиното млеко. Денешните импланти се во форма на стабилен гел и не течат дури ни во ситуација ако дојде до евентуално пукање на мембраната.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…