Симптоми кои алармираат болест на јајниците

Многу симптоми кои вашето тело ги испраќа можат да бидат знак дека нешто не функционира како што треба. Од голема важност е да обрнете внимание на своето тело за на време да дознаете ако нешто потенцијално опасно се случува.

Кај жените честа појава се цистите на јајници кои се бенигни, односно настануваат сами и не се некоја причина за загриженост, меѓутоа кога цистата константно расте може да предизвика сериозни проблеми.
Еве неколку важни и рани симптоми кои може да значат дека имате цисти на јајници:
– Надуеност или отекување на стомакот
– Болка кај карлицата пред и по менструалниот циклус
– Болка во долниот дел од грбот
– Пречувствителни гради
– Повраќање и мачнина
Како што можете да забележите, многу од овие симптоми укажуваат на почеток на менструалниот циклус, па дури и на бременост. Меѓутоа, ако било кои од воие знаци се појавуваат константно и се повторуваат, најдобро би било што поскоро да го посетите својот доктор.
Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk