Симптоми кои укажуваат дека сте интолерантни на глутен

Многу луѓе не се ни свесни дека нивниот организам е интолерантен на глутен. Затоа обратете внимание на сигналите кои што ви ги испраќа телото.
1. Имате секојдневни дигестивни проблеми како што се дијареа, затвор или подуеност во стомакот без очигледни причинители на таквата состојба
2. Keratosis pilaris или пилешка кожа, која најчесто се појавува на грбот, рацете и колковите е резултатот на недостаток на масни киселини предизвикано од оштетување на цревната флора кое што настанува под дејство на глутенот
3. Чувствувате хроничен замор особено после конзумирање на оброк кој што содржи глутен
4. Имате чести вртоглавици, кои се интензивираат после конзумирање на оброк кој што содржи глутен
5. Ако ви е дијагностицирана фибромијалгија тогаш посоветувајте се со вашиот лекар за глутенот како потенцијален причинител на болеста
6. Доколку имате чести промени во расположението пробајте да го исфрлите глутенот од исхраната, затоа што понекогаш може да предизвика анксиозност, депресија и сл.
7. Главоболките и честите мигренозни напади можат да бидат исто така знак дека сте интолерантни на глутен.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk