Симптоми на вонматерична бременост

Показателите на вонматеричната бременост можат прилично да варираат од случај до случај, особено во должината на траењето и поради фактот дали настапило пукање на јајцеводот.
Сепак како најчести симптоми кои укажуваат на вонматерична бременост се сметаат:

– доцнењето или изостанокот на менструалниот циклус
– позитивен тест на бременост
– интензивна болка во левата или десната страна на стомакот
– оскудно крварење со темно кафена боја
– болка во долниот дел на грбот

Доколку дојде до пукање на јајцеводот доаѓа до појава на интензивни, ненадејни и остри болки во долниот дел од абдоменот, несвестица, обилно крварење и болки во карлицата.

Дијагностицирањето на вонматеричната бременост се одвива со помош на одредување на нивото на бета HCG во серумот ( ако вредноста на овој хормон не е доволно висока или не се зголемува можно е да постои вонматерична бременост ), со вагинален и ултразвучен преглед каде што многу лесно може да се воочи дека ембрионот е сместен надвор од матката ( најчесто во јајцеводите)

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk