Симптоми на труење со храна

Труењето со храна е предизвикано од храна во која се наоѓаат бактерии како салмонела, ешерихија коли  или некои видови на вируси. Посебно ризичен е овој топол период кој следи, затоа вреди да ги знаете сите мерки за превенција и олеснување на состојбата.

Најважно е да знаете како да ги препознаете симптомите на труење со храна и што да преземете доколку дојде до тоа.

Симптоми:

Симптомите можат да варираат од болки во стомакот кои брзо поминуваат, до многу сериозни симптоми како што се грозница и висока температура:

  • Мачнина
  • Болка во стомакот
  • Грозница
  • Пролив
  • Повраќање
  • Грчеви


Како да се лекувате доколку ги имате овие симптоми:

Никако не земајте лекови против пролив без рецепти, односно доколку претходно не сте се советувале со лекар. Вашето тело се обидува да ги исфрли бактериите и затоа е подобро да го оставите организмот сам да се избори.

Внесувајте многу течности за да не се доведете до дехидрација. Во однос на храната, консумирајте ориз, банана и двопек.


Кога треба да побарате помош?

  • Доколку имате пролив со температура повисока од 38,5 степени
  • Доколку имате вртоглавица и чувствувате жед
  • Доколку имате пролив подолго од 4 дена


Побарајте веднаш итна помош доколку:

  • Во столицата имате крв
  • Доколку чувствувате силно чукање на срцето
  • Доколку сте се разболеле поради консумирање школки, печурки или конзервирана храна – токсините од овие намирници можат да имаат сериозни последици.
Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk