Сируп за исфрлање на зрел секрет

Овој рецепт е на природна база и може да се користи за полесно исфрлање на зрелиот секрет и ослободување на дишните патишта.

Потребно е

200 гр шеќер

300 мл вода

6 листа ловор

7 жалфии

1 лажица бел слез

1 лажица камилица

2 цм свеж корен од ѓумбир

Подготовка:

Истопете го шеќерот на ниска темперетарура додека не добие кафевкаста боја. Додадете ја бојата и мешајте додека шеќерот потполно не се истопи. Излупете го ѓумбирот и додадете ги останатите состојки. Оставете нека се вари околу три минути.

Тргнете од шпоретот и исцедете додека се олади за да добиете густ сируп. Ставете во стаклена тегличка и држете во фрижидер.

Се препорачува возрасните да го конзумираат овој сируп со по една супена лажичка неколку пати дневно, а децата по една кафена лажичка неколку пати дневно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk