Скапите играчки непријатели на детската фантазија

Децата кои доаѓаат од сиромашни семејства, немаат полно играчки, но ги пронаоѓаат во своето опкружување. Како пример се децата кои свират на фурла направена од обично дрво, деца кои си играат со камења, јаже, гума. Што значи, за различни игри, не се потребни скапи играчки.

Имено, најчесто скапите играчки го блокираат развојот на фантазијата, тие се „завршени“ и најчесто детето нема што да додаде. Обична кутија може да биде тоа што детето ќе посака, куќа, автомобил, пегла или торта.
Кај играчките, треба да се води сметка да бидат безбедни и да имаат едукативна вредност, да не се скапи и да се безопасни.

Образовните институции треба да ја препознаат важноста на играта и таквото сфаќање да се шири меѓу родителите и наставниците. Односно треба да се охрабри креативноста и нејзиното изразување без разлика на социо-економскиот статус, пол, вера, нација, да се препознаат таленти и да се охрабрат.

Родителите и наставниците треба да најдат време за игра со децата, да се грижат за сигурноста во текот на играта, да ги научат да си играат со евтин и достапен материјал, да се охрабрува креативната игра пред стереотипната, да им помогнат на децата да се изборат за здрава рамнотежа меѓу играта и учењето.

Кај играта е потребно да се избегнува следново:

-да не им се наметнуваат стандарди на возрасни
-не ги потстетувајте децата секогаш дека треба д аги чуваат боиците, боенките и тетратките
-не поставувајте ригидни правила, не ги ограничувајте нив и нивната слобода, не кочете ги креативноста и оригиналноста
-рушете ги стереотипите како оние дека момчињата си играат само со топка, а девојчињата со кукли
-не искажувајте негативни ставови спрема детската игра, сметајќи ја за губење време
-не користете монотни фази при фалење на детето

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk