Скратено грло на матката – ризик за спонтан абортус

За скратено грло на матката се смета она чија што должина е пократка од 2 сантиметри.

Негативни последици од оваа состојба се јавуваат ако грлото на матката се отвори повеќе од 2,5 сантиметри.

Класичниот вагинален преглед е најдобриот начин за одредување на состојбата во која се наоѓа грлото на матката. При тоа докторот лесно може да ја утврди размекнатоста на ткивото на грлото на матката.

Доколку грлото на матката не е отворено туку само скратено тогаш вашиот гинеколог најверојатно ќе ви препорача мирување и ќе ви ја препише соодветната медикаментозна терапија.

Доколку постои дополнително присуство на отворање на грлото на матката тогаш со оперативен зафат се затвора грлото. Оваа интервенција се нарекува серклаж и се изведува најчесто помеѓу 14 и 16 недела од бременоста.

За жал, кога оваа состојба нема да се утврди и нема да се реагира навремено, една од најтешките последици е спонтаниот абортус во второто тромесечје од бременоста.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk