Скрининг за даунов синдром во бременоста

Скрининг тестовите во текот на бременоста се дијагностички тестови, кои за разлика од некои останати процедури немаат апсолутно никаков ризик за појава на компликации кај фетусот или пак спонтан абортус и се спроведуваат со помош на лабораториски тестови и ултразвучен преглед -ехо.

Скрининг тестовите не ни даваат дефинитивен одговор туку ја проценуваат веројатноста, односно ризикот за појава на абнормалности кај фетусот, како што е дауновиот синдром. Доколку ризикот за појава на даунов синдром е еден или два на 250 тогаш на трудницата и се дава можност за понатамошни дијагностички тестови.

Иако се повеќе од пожелни овие испитувања сепак не се задолжителни, мајката има право на избор дали ќе ја испитува веројатноста и понатаму или не. Само 1/4 од децата со даунов синдром се откриени со овие скрининг тестови.

Ако скрининг тестот покаже ризик за појава на даунов синдром понизок од 1 на 250 тогаш се смета дека понатамошни испитувања не се потребни. Повеќето се резултати со низок ризик за појава на даунов синдром (95%) Сепак , како што веќе напоменавме скринингот не дава конкретни одговори, што значи дека иако постои ризик детето да развие даунов синдром, ризикот тоа да се случи е минимален.

Доколку резултатот од скринингот покаже дека ризикот за појава на даунов синдром кај бебето е поголем од 1 на 250 (пример еден или два на 100) тогаш се смета дека тој покажува висок ризик.

Во тој случај жената се упатува на понатамошни иследувања и дијагностички тестови за да се утврди со поголема точност и конкретност каква е состојбата кај нејзиното бебе.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk