Слабејте со помош на природни состојки

Едноставниот пијалок ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги и да го прочистите организмот.

Ова е одлично за да не го измачувате организмот со обилни оброци и за да се освежите, што ќе ви биде голема поддршка во диетата. Потребни ви се само 1 кг. лимон и 400 гр. целер.

Коренот од целер изрендајте го и додадете го во 2 литри вода, каде се додава и малку од кората на лимонот. Смесата треба да се вари 20 минути, а потоа да се остави да се излади 5-6 часа. Исцедете ги сите лимони и додадете ги во водата со изренданиот целер.

Исцедете ја течноста преку цедилка и истурете ја во стаклено шише. Пијте го ова пред оброци по 3 пати дневно. Пијте по 1 дл, а можете и да го разблажите со вода. Пијалокот чувајте го исклучиво во фрижидер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk