Сладоледот е полн со витамини

Пролетта пристигна, а со тоа и топлото време, па полека на улуците повторно се појавуваат фрижидерите со омилениот сладолед.

Кој сладолед најмногу го сакате, од чоколадо, ванила, јагода или некој егзотичен вкус? За кој вкус и да се определите, нека не ве гризе совест поради калориите, бидејќи сладоледот е многу здрав!

На возрасните личности им е потребно околи 1000 милиграми калцијум дневно, додека на децата и трудниците им е потребна поголема количина од овој есенцијален минерал. Знаејќи дека поголемиот број на сладоледите во себе содржат млеко, јогурт или павлака во кои освен калциум има витамин А и оние од групата Б, нема причина да се се возгржувате од конзумирање.

Исто така комбинацијата на млеко и шеќер помага во регулирање на телесната температура, а идеално е да се конзумира на -6C степени, бидејќи отгаш има најмала шанса да стане непријател на вашата линија.

Во зависно од вкусот во сладоледот може да има и други витамини и антиоксиданси. Одличен пример се замрзнатот необработено овошје, какао, зрна кафе, ванила, под услов да не се користен вештачки замени за вкусовите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk