Слатката храна може да предизвика тн. бихејвиорална зависност

 

Истражувањата на група американски научници тврдат дека благото може да создаде одреден вид на зависност , секако не во смисла на зависност како онаа што можат да ја предизвикаат опијатите.
Проблемот во конзумирањето на нездравата храна лежи во психичката потреба на човекот да јаде поради уживањето и задоволството кои што произлегуваат во моментот на јадењето.

Прејадувањето преставува нарушување слично на она што ги тера љубителите на коцкањето повторно да се вратат во казиното иако знаат дека тоа не е добро.

Луѓето најчесто пронаоѓаат рационално објаснување за својата прекумерна телесна тежина обвинувајќи ја храната. Некои луѓе едноставно имаат однос кон одредени хранливи намирници што е сличен на зависност и можат да ги конзумираат тие намирници во претерани количества иако се свесни дека тоа прејадување носи голем ризик по нивното здравје.

Според новата медицинска методологија, оваа состојба се набљудува од аспект на бихејвиорална зависност со што се отвораат можности за нејзино лекување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk