Смоквата е ризница на витамини од групата Б

Освен неодоливиот вкус, смоквите имаат и неверојатна нутитивна вредност што придонесува да се сметаат за вистинска ризница на здравјето.
Без разлика дали се црни, зелени или виолетови по боја, според нутриционистите тие се најсочните и најсовршените дарови на природата бидејќи делуваат благотворно врз целокупниот организам. Оваа овошка, нутриционистите особено ја препорачуваат на лицата кои што страдаат од анемија и жените во менопауза, бидејќи смоквата придонесува за спречување на појавата на остеопороза.

И свежите и сувите смокви изобилуваат со влакна ( 2,9 – 3,2 грама во 100 грама плод ) што придонесува тие да делуваат позитивно врз поттикнувањето на работата на цревата, сместувајќи ги во групата на најдобри природни лаксативи.

Иако содржат шеќерим свежите смокви имаат ниска енергетска вредност, 47 калории во 100 грама. Во својот состав, смоквите содржат голем процент на витамини и минерали како што се витамините А и сите витамини од Б групата, железо, магнезиум, фосфор и калциум. Поради нивното антиоксисативно својство, тие се сметаат за вистински природни имуностимулатори.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk