Смрзнатини, што претставуваат тие

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Силвана

Смрзнатини се случуваат како резултат на дејството на ниските температури на телото. Најчесто страдаат екстремитетите, односно прстите на рацете и на нозете, носот, брадата и ушите.

Претстојот на ниски температури од -18 до -21 степен, како и ветер со минус е фактор-ризик. Кон смрзнатини придонесуваат и тесни и влажни чевли и мокра гардероба.

Смрзнатините можат да се поделат во неколку групи:

Смрзнатини од прв степен

Овие се најблаги смрзнатини, кожата е бледа, односно бела. Дека нешто ќе се искомплицира покажува и модрилото на кожата. Тоа субјективно се манифестира со чешање и пецкање на површината на кожата.

Смрзнатини од втор степен

Кај овие смрзнатини се појавуваат пликови, кои потсетуваат на изгореници.

Смрзнатини од трет степен

На кожата се појавуваат рани кои се исклучително болни, а можат да се забележат и почетни знаци на инфекција.

Смрзнатини од четврт степен

Ова е најтежок облик, каде што доаѓа до гангрена, односно потполно одумирање на ткивото.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…