Смути од лубеница и бадемово млеко

Сеуште имате можност да се освежите со овој вкусен напиток од лубеница и бадемово млеко и истовремено да го хидрирате вашето тело и да им ги овозможите потребните витамини и минерали на вашите мускули.

За да го подготвите ова смути потребни ви се следниве состојки:

150 грама  лубеница без семки
1 шолја бадемово  млеко
1 лажица мед

Подготовката е многу едноставна.

Сите состојки се ставаат во блендер и пијалакот се пие веднаш послужен со неколку коцки лед по желба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk