Совети за враќање на килограмите по празниците

Објавено на: Jan 12, 2017 од Мама Силвана
paleo-prehrana

Колку и да ви биде тешко шетањето во овие студени денови може да ви биде од корист. Тоа е прв чекор да му помогнете на телото да работи како часовник.

Пред да прошетате задолжително појадувајте. Најголема грешка што можете да ја направите по празниците е да гладувате. Тогаш организмот во паника, вишокот на килограми директно ги складира во масни наслаги во страв дека нема да добие доволно храна.

По празниците, задолжителни се појадок, ужина, ручек и вечера. Можете да избирате помалку калорични оброци и наместо преливи, храната зачинете ја со лимон и масло.

Од месото тргнете ја кожата, но морате да го јадете за метаболизмот добро да работи. Не избегнувајте шеќери бидејќи сепак ви требаат, јадете ги умерено бидејќи за зимска прошетка ви треба енергија.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…