Совети за сите идни мајки

Идните мајки, читаат многу книги и совети за да се припремат за доаѓањето на бебето во нивниот живот. Меѓутоа кој подобро може да даде совет од вистинска мајка, која што поминала ни сето тоа?

Тука собравме токму такви совети, практични и јасни, кои ќе ви дадат голема подршка во овој период.

Научете да го прифатите нередот во куќата. Не се нервирајте околу ситниците како што се садови и веш.
Не се плашете и не се срамете да побарате помош. Понекогаш ни е потребна на сите.
Туширајте се секогаш кога ќе имате момент за себе, така ќе се осеќате многу подобро.
Следете го својот инстинкт. Не ги слушајте сите совети околу себе, и не ги земајте здраво за готово. Слушајте го своето бебе. Така е многу подобро и поопуштено.
Уживајте со бебето бидејќи времето поминува брзо. За час ќе биде тенејџер.
Простете си за грешките. Во мајчинството стално се учи и сите правиме грешки.
Фотографирајте ги најубавите моменти.
Пронајдете време и за своите потреби бидејќи така ќе бидете исполнети.
Бидете трпеливи во непроспиените ноќи. Дозволете си да се навикнете и ќе бидете помалку љути и депресивни. Бебето е бебе само еднаш. Уживајте и кога сте уморни.
Покажете безусловна љубов. Некогаш одредено однесување на детето нема да ви се допадне, но секогаш можете да понудите љубов во збор и дело.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk