Совети за татковците кои злато вредат

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Силвана

Вашата сопруга можеби може да го смири бебето побрзо од вас, но се што таа знае за детето го научила работејќи со него. Бидејќи и таткото станува се подобар доколку повеќе работи со бебетo, обидете се да го смирите повеќе пати и затоа не го враќајте бебето на сопругата кога не можете да го смирите.

Истражувањата покажуваат дека доколку имате малку прилика да учествувате во успивање на бебето или играње со него, тоа е најголема пречка татковците да се чувствуваат посамоуверено и поопуштено кога се со децата.

Обидете се да се охрабрувате со реченицата „мислам дека можам да се снајдам“ или „ се е во ред, ми треба само малку пракса“.

Нема лошо во тоа да ја прашате сопругата за совет како и двајцата дa имате предвид што може да му користи на едниот или на другиот родител. Не плашете се да донесувате нови одлуки, или да можете нешто да погрешите.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…